Wednesday, December 10, 2014

Потребно е доследно спроведување на Законот за високо образование, а не некакви си државни испити!!!


Незнам со кое лице особата Нинослав Марина зборува за подобрување на образовните процеси и за квалитет. 

Па на Универзитетот на кој тој е незаконски Ректор и редовен професор прво самиот тој овој семестар држи предмети Социјални мрежи и Визуелна уметност за која нема соодветен докторат. 

Потоа неговиот пријател Тони Стојановски држи предмет Веројатност и статистика, а нема докторат од математички науки туку докторирал на телекомуникации. 

Исто така нивниот пријател Братислав Станковиќ со докторат по биолошки науки, држи предмети Англиски и Англиски за академски цели. 

Нивниот полтрон Махди Кросрави држи предмети Е-медуими и Физика, а немаа соодветен докторат за нив, туку има докторат за интелегентни системи. 

Ваквата состојба дополнително ја влошува и фактот дека лицето Нинослав Марина живее и работи во Швајцарија, а ректорува во Охрид по интернет. 

Срамно е вакви особи да зборуваат за квалитет и да учествуваат во креирањето на образовните политики во државава! Овој човек се ќе направи за да ја задржи незаконски стекнатата позиција Ректор на Универзитетот во Охрид! ЖАЛНО!!!

Потребно е доследно спроведување на Законот за високо образование, а не некакви си државни испити!!!

Линк од Курир:


Извадоци од расоредот за овој семестар:

Tuesday, December 9, 2014

Ова е недоветниот предлог за државен испит во високото образование!!!

Во петокот на 05.12.2014 година, Универзитетите го добија недоветниот предлог за најавениот државен испит во високото образование!!! Зошто е недоветен, слободно прочитајте:
http://fokus.mk/eksterna-drzhavna-avantura-reforma-na-reformite/

Време е да паднат маските! Време е да видиме кој е вистински Ректор, вистински Проректор, вистински Декан, вистински Професор, а кој е ПЛАТЕНИК!!!
(од ова го исклучувам назаконскиот ректор и вработените на Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид, тие се ќе направат да ги задржат незаконските позиции кои ги имаат)

Време е да видиме кои ќе бидат тие "храбри" кои ќе прифатат да членуваат во Одборот за акредитација и ќе се прогласат за стручни за во просек по 122 научни области!!!

Време е вистината да излезе на виделина!!!






Monday, November 10, 2014

Екстерното оценување е научен фалсификат! Интервју со проф. д-р Ристо Малчески

Ристо Малчески е универзитетски професор, доктор на математички науки. Како најдобар студент во генерацијата дипломирал на Математичкиот факултет во Скопје, а подоцна магистрирал и докторирал. Од него можност да учат имале неколку генерации на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а веќе со години им предава и на студентите на приватниот универзитет ФОН, по предметите математика за бизнис и статистика за бизнис.

Со неговото име се потпишани триесетина универзитетски учебници и учебници за средно и основно образование, како и десетици научни трудови и статии. Во момент кога многумина негови колеги тивко го критикуваат екстерното оценување во основното и во средното образование, тој аргументирано и во детали го разобличува циркусот, кој, според него, е само дел од рашомонијадата на македонскиот образовен систем.











Thursday, October 9, 2014

Лицемерие

Деновиве си седам и си размислува на една тема, размислува за лицемерието!

Пред некое време, поточно на 21.10.2013 година во просториите на Скопскиот саем се одржа предавање по менаџмент етика за избраните владини функционери. На истото помеѓу другото беше кажано и следното:

"Ако директорот работи незаконски, неетички, се расфрла со државните пари и државниот имот, незаконски применува селективност во работењето,  не се однесуваа соодветно кон вработените и кон надворешните лица,или нестручно или несовесно работи и прави грешки,  опоменете го или казнете го без колебање, а во согласност со законите. Ако прекршокот е сериозен и се повторува, без колебање, разрешете го. Истото важи ако отцените дека е неспособен и нестручен и не ја води институцијата добро."

Јас во тоа време работев на Универзитетот "Св. Апостол Павле" во Охрид, како асистент по група предмети од областа на економските науки. Охрабрен од ваквите кажувања јавно проговорив за незаконскиот Ректор и редовен професор Нинослав Марина и неговото несовесно работење, т.е. недржење на часови, недоаѓање на работа, злоупотреба на Универзитетските ресурси за свои цели итн.. (ова е констатирано од ДПИ и службите во МОН неколку пати).

Но што добив јас? Еден месец откако охрабрен од ваквото кажување јавно проговорив, бев на незаконски начин избркан од работа, а лицето Нинослав Марина иако работеше незаконски, неетички, се расфрлаше со државни пари и државен имот и притоа применуваше селективност во работењето остана до ден денешен да биде Ректор, се разбира со голема поддршка на некои структури во МОН и во Владата.

Па има ли поголемо лицемерие од ова? Во очи да го гледаш својот народ, да го охрабруваш да пријави функционери кои се огрешиле, а притоа кога некој ќе постапува ти да бидеш тој кој селективно ќе се однесуваш и притоа тој што пријавил да биде избркан од работа и тоа на незаконски начин.

Но што е тука е, ајде да одиме понатаму. Во последните две-три години на големо се градат споменици низ Скопје и се рехабилитираат Македонски дејци кои биле забранети од претходниот режим. Па оттука, беа рехабилитирани Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе Мајски итн.

Има ли поголемо лицемерие од една страна да ги рехабилитираш овие луѓе, а од друга страна на државниот Универзитет во Охрид да го поддржуваш незаконскиот ректор и редовен професор Нинослав Марина, кој патем е внук на Панта Марина кој е лустриран заради тоа што бил дел од судскиот совет кој го осудил Ченто и околу 130 Македонци, зошто ја сакале Македонија и одбиле да бидат нечии слуги??? Зарем не е срамота вака лицемерно и безкурпулозно да го лажеш својот народ? Па овој човек располага до државни пари и државен имот, не доаѓа на работа, не држи часови, применува селективност во работењето, итн. Па што мислите како им е на сите оние семејства кои посрадале од неделата на Панта Марина? Зошто лицемерно ги лажете?

Дега Нинослав Марина и незаконски Ректор и редовен професор кажува и ДПИ, ама кој ги слуша нив кога лицемерно треба да се лаже народот :)


Wednesday, April 9, 2014

збор, два за платите

ДВИЖЕЊЕТО НА НОМИНАЛНИТЕ И РЕАЛНИТЕ НЕТО-ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 1999-2013 ГОДИНА


ВОВЕД

       Оценката на економските движења во една држава е сложен процес, кој подразбира реално следење и вреднување на голем број параметри, за што како сериозна препрека може да биде квалитетот на податоците и начинот на нивна обработка. Постојат повеќе сегменти за кои имаме релевантни податоци, добиени со стандардна методологија и според кои можеме да дадеме кванти­тативна оценка за економските движења во државата. Во нашите разгледувања ќе се осврнеме на две групи податоци и тоа на:
-     вкупната просечна исплатена номинална нето-плата по вработен во периодот од 1999-2012 година и
-          индексот на трошоците на живот во периодот од 1999-2012 година.
         Притоа, кај просечната исплатена номинална нето-плата по вработен ќе се осврнеме и на единаесет сектори на дејност, за кои Државниот завод за статистика од јануари 2011 ја применува Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за вработени и плати и кои податоци може споредбено да се анализираат со податоците добиени во периодот од 1999-2009 година (за 2010 година предметните податоци се обработени согласно со новата класификација во Статистичкиот годишник од 2011 година). Притоа, овие единаесет сектори опфаќаат, на пример во 2012 година, приближно 80% од вкупниот број вработени во Република Македонија.
      Понатаму, користејќи ги споменатите податоци, ќе дадеме пресметки за вкупната и по разгле­дуваните сектори на дејност просечна исплатена реална нето-плата по вработен, за која може да се каже дека е реален параметар, според кој може да се оценат некои аспекти за економските движења во раз­гле­дуваниот временски период. Меѓутоа, од причини за кои покасно ќе стане збор сметаме дека овој пара­метар може да биде значаен при планирањето на бизнис активностите во одредени сектори на дејност.


ДВИЖЕЊЕТО НА НОМИНАЛНИТЕ НЕТО-ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 1999-2013 ГОДИНА

       Во табела 1 се дадени податоците за просечните номинални нето-плати за периодот од 1999-2012 година, кои Државниот завод за статистика ги прибира врз основа на Месечниот извештај за вра­ботени и плати. Притоа, со сигурноста да се каже дека истите се релевантни показатели (не единствени) за оценка на економските движења во државата и тоа од слениве причини:
-    со Месечниот статистички извештај за вработени и плати се опфаќаат деловните субјекти од сите облици на сопственост, 
-  деловните субјекти во кои од месец во месец се следат платите се избрани почитувајќи го критериумот на минимум застапеност на 70% од вработените во секој оддел од Национал­ната класификација на дејностите,
-  под поимот “исплатени номинални нето-плати” се подразбираат просечните остварени примања во месецот (годината) по вработен, остварени за работа со полно, покусо и подолго од полното работно време (прекувремена работа) и
-        вкупно исплатените номинални нето-плати опфаќаат и: надомест на нето-платата од средствата на деловниот субјект за годишен одмор, државни празници, платено отсуство до седум дена, платено отсуство за стручно усовршување, за боледување до 30 дена, како и по основ на распределба на добивка, без оглед на тоа на кој период се однесуваат; надомест на нето-платата на товар на други деловни субјекти, за време поминато на вежба по покана од надлежен државен орган, цивилна заштита, за вршење граѓански должности и сл. и надомест на нето-платата за поранешни месеци исплатени во текот на извештајниот месец (заостанати исплати).

Табела 1. Просечно исплатена, вкупна и по сектори на дејност, номинална нето-плата
  по вработен во периодот од 1999-2013 година

Година
1999
2000
2001
2002
2003
2004
2005
2006
Вкупно
9664
10193
10552
11279
11824
12293
12597
13517
Земјоделство, шумарство и рибарство
8670
9141
9400
9432
9993
9692
10042
10401
Рударство и вадење камен
7901
9207
11096
12840
13238
13826
14718
16004
Преработувачка индустрија
8717
9272
9577
9944
10028
10486
10298
10624
Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
14768
15166
15981
14580
15041
15410
17683
22640
Градежништво
7309
7808
8056
8318
8760
9353
9782
9912
Трговија на големо и трговија на мало,
поправка на моторни возила и моторцикли
11684
12222
10583
10758
11842
12279
12920
13329
Финансиски дејности и дејности на
осигурување
16930
19565
21051
22281
23515
25209
26095
26575
Дејности во врска со недвижен имот
15400
15813
16694
17540
16673
16572
16153
17042
Јавна управа и одбрана, задолжително
социјално осигурување
9971
10106
10481
11606
12911
13636
15392
16028
Образование
9368
9454
9632
10844
11544
11606
11677
12437
Дејности на здравствена и соц. заштита
9760
9902
10115
11024
11865
12042
12141
12517

Година
2007
2008
2009
2010
2011
2012
20131)
Вкупно
14584
16096
19957
20553
20847
20902
21113
Земјоделство, шумарство и рибарство
10740
11929
14273
14280
14781
15641
15660
Рударство и вадење камен
16327
17842
20325
21870
22690
22180
23181
Преработувачка индустрија
11653
12613
13738
14674
15176
15300
15711
Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
23118
24475
33916
35254
35138
35818
36372
Градежништво
10564
11867
15637
15614
15986
16375
17312
Трговија на големо и трговија на мало,
поправка на моторни возила и моторцикли
13951
14788
17632
18800
18630
18982
19152
Финансиски дејности и дејности на
осигурување
28419
30651
36145
36470
38509
37397
37408
Дејности во врска со недвижен имот
17465
17990
22663
24094
24377
24998
25260
Јавна управа и одбрана, задолжително
социјално осигурување
17160
19385
24484
24854
24826
24966
25077
Образование
13957
15381
19879
21177
21292
21235
21236
Дејности на здравствена и соц. заштита
13320
15185
21916
21737
21836
22399
23087
Извор. Статистички годишник на Република Македонија 2000-2013 година, www.stat.gov.mk - Соопштение на ДЗС од 28.01.2014: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2013 (посетено на 6.2.2014 година)
1)       За 2013 година разгледувани се податоците за првите единаесет месеци

          
          
           На графиконот 1 е даден приказ на овие податоци, од кој исто како и од табела 1 може да се забележи дека во однос на 2008 година во 2009 година има значителен скок, како на вкуп­на­та, така и по сектори на дејности, на исплатената просечна номинална не­то-плата по вработен. На прв поглед изгледа дека е се во ред. Притоа, вкуп­ната просечна номинална нето-плата по вработен во 2009 година е поголема за 24% во однос на 2008 година, нај­ма­лото зголемување е за респектабилни 8,92% кај секторот Прера­ботувачка индустрија, до­дека пак најголемото зголемување е за неверојатни 44,33% во секторот Здрав­ство, а секторите Снаб­дување со елек­трична енергија, гас и пареа и Градеж­ништво оства­ри­ле по­раст од 38,57 и 31,77%, соод­вет­но. Ме­ѓутоа, ова е само на прв поглед. Имено, ваквото толкување на состој­бите е нереално, бидејќи во нај­го­лема мерка истото се должи на промена на законската регулатива. Имено, од јану­ари 2009 година во Република Маке­донија е стапен на сила Законот за бруто плата, со кој надо­местоците на вработените за ис­храна и превоз едноставно се претопија во нето-платите. Јасно, ако се изземат останатите придобивки од воведувањето Законот за бруто плата, кои овде нема да ги коментираме, во однос на реалните при­ходи на доминант­ниот број вработени станува збор само за сметководствена опе­рација. Имено, надо­местоците за исхрана и превоз се исплаќаа години наназад, па затоа нивното внесување во нето-платата не може да се третира како зголемување на истата, иако ваквата промена на законската регулатива во подолг временски период има позитивно влијание, особено на пензиската основа на секој поединец.


          Имајќи го предвид претходно изнесеното, се со цел да добиеме вистинска претстава за дви­же­њето на номиналните нето-плати истите одделно ќе ги разгледаме во периодите од 1999-2008 година и од 2009-2012 година. Од податоците во табела 1 можеме да заклучиме дека во периодот од 1999-2008 година имаме континуиран пораст како на вкупната номинална нето-плата, така и на номиналните нето плати во разгледуваните сектори, од што исклучок е секторот Дејности во врска со недвижен имот. Понатаму, во 1999 година вкупната посечно исплатена номинална нето-плата изнесувала 9664 денари, со најмалата просечна номинална нето-плата од 7309 денари бил секторот Градежништво, а додека со најголема просечна номинална нето-плата од 16930 денари бил секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување. Како што можеме да видиме платите во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Дејности во врска со недвижен имот и Финансиски дејности и дејности на осигурување соодветно се 2,02; 2,11 и 2,32 пати повисоки од плататите во Градежништвото, а додека платите во секторите Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, Образование и Дејности на здравствена и социјална заштита се околу 1,3 пати повисоки од платите во Градеж­ништвото, при што од овие три сектори најниски се платите во образованието. Меѓутоа, како резултат на веќе споменатиот пораст на номиналните нето-плати состојбата во 2008 година е променета. Така, вкупната посечно исплатена номинална нето-плата изнесувала 16096 денари, со најмала просечна номинална нето-плата од 11867 денари повторно бил секторот Градежништво, меѓутоа трите сектори се најголеми номинални нето-плати во 2008 година се Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Финансиски дејности и дејности на осигурување чии плати соодветно се 1,63; 2,06 и 2,58 пати повисоки од платите во Гра­дежништвото. Што ова значи нема посебно да коментираме, но останува нејасно кои се причините за порастот на платите од 94,41% во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигу­рување, наспроти порастот од 64,19% и 55,58% во секторите Образование и Дејности од здравствена и социјална заштита, соодветно, што довело до тоа да во секторот Јавна управа и одбрана, задолжи­телно социјално осигурување просечната номинална нето плата во 2008 година биде за цирка 27% повисока од другите два сектора. Последното значи дека, во разгледуваниот период е направена дополнителна разлика во платите на овие сектори од над 20%, податок кој е загрижувачки, особено ако се има предвид значењето на секторите, образовната структура на вработените во секторите Образова­ние и Дејности од здравствена и социјална заштита и фактот дека овие три сектори се под непосредна контрола на државата. Како што видовме дека во периодот од 1999-2008 година се зголемила разликата помеѓу најниската и највисоката просечна номинлана нето плата по сектори, при што како резултат на порастот од 125,82% просечната нето-плата во 2008 година во секторот Рударство и вадење камен изнесувала 17849 денари, што значи дека овој сектор се наоѓа на петто место по големината на просечната нето плата иако во 1999 година бил на десетто место, одма после Градежништвото.
Од податоците во табела 1 може да се забележи дека во 2009 година вкупната посечно испла­тена номинална нето-плата изнесувала 19957 денари, најмалата просечна номинална нето-плата од 13738 денари бил секторот Преработувачка индустрија, а додека со најголема просечна номинална нето-плата од 36145 денари бил секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување. Понатаму, платите во секторите Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Финансиски дејности и дејности на осигурување соодветно се 1,78; 2,48 и 2,63 пати повисоки од плататите во Преработувачката индустрија. Притоа, важно е да се забележи дека платите во секоторот Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување се повисоки од платите во секторите Образование и Дејности од здравствена и социјална заштита за забележителни 17,36 и 11,72%, соодветно. Ова на прв поглед е позитивна тенденција, но ако се земем предвид дека од јануари 2009 трошоците за исхрана и превоз се вклучени во нето-платата, јасно е дека не станува збор за осмислена политика со која ќе се подобри економската положба на вработените во овие неспорно општестено значајни сектори на дејност, туку за резултат од правно-сметководствена акција со која во јавноста се создаде привид за сериозно зголемување на нето-платите. Како што може да се види, и после 2009 година имаме тенденција на пораст на номиналните нето-плати, со тоа што во 2013 година вкупната просечна номинална нето-плата била во 21113 денари, најмалата просечна номинална нето-плата од 15660 денари била исплатена во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство, а додека платите во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Финансиски дејности и дејности на осигурување повторно се најголеми и тие се 2,32 и 2,39 пати поголеми од секторот Земјоделство, шумарство и рибарство. Овде уште ќе споменеме дека и покрај постојаните реформи во образовниот систем и декларативната кажување за неговото општествено значење, сепак во 2013 година просечната номинална нето-плата во секторот Образование е за 8,72% помала од истата во секторот Дејности од здравствена и социјална заштита, односно за 18,09% пониска од нето-платата во секторот Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување.  
Подетални согледувања за движењето на номиналната нето-плата во разгледуваниот период може да се направат со целосна обработка на податоците дадени во табела 1, меѓутоа на тој начин нема да се добие реална слика за ефектите од порастот на нето-платите врз стандардот на населението. Токму затоа во натамошните разгледувања ќе се осврнеме на движењето на реалните нето-плати во периодот од 1999-2008 година и во периодот од 2009-2013 година. 


ДВИЖЕЊЕТО НА РЕАЛНИТЕ НЕТО-ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 1999-2012 ГОДИНА

Анализата на движењето на реалните нето-плати во периодот од 1999-2013 година ќе ја напра­виме претворајќи ја номиналната нето-плата во реална нето плата, на тој начин што номиналната нето-плата се дели со индексот на трошоци на живот. За таа цел ќе ги користиме индексите на трошоци на живот пресметани од Државниот завод за статистика за разгледуваниот период, според кој: под цени на мало се подразбираат цените по кои трговијата на мало, индивидуалните производители и вршителите на услугите ги продаваат производите и услугите на крајните потрошувачи, при што во цените е вклучен и ДДВ. Понатаму, врз основа на просечните месечни цени на мало, односно нивната динамика, како и структурата на прометот, односно структурата на личната потрошувачка, се пресметуваат индексите на цените на мало и индексите на трошоците на животот, соодветно. Индексите се пресметуваат по следната формула:



Табела 2. Индекси на трошоци на живот во периодот од 1999-2012 година

Година
1999
2000
2001
2002
2003
2004
2005
Индекс на трошоци на живот, базен
период претходна година1)
100
105,8
105,5
101,8
101,2
99,6
100,5
Индекс на трошоци на живот, базен
период 1999 година2)
100
105,8
111,62
113,63
114,99
114,53
115,10

Година
2006
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
Индекс на трошоци на живот, базен
период претходна година1)
103,7
106,1
108,3
99,2
101,6
103,9
103,3
102,8
Индекс на трошоци на живот, базен
период 1999 година2)
119,36
126,64
137,16
136,06
138,24
143,63
148,37
152,52
Извор. 1) Статистички годишник на Република Македонија 2000-2013 година
2) Сопствени пресметки врз основа на 1)




















Понатаму, за базниот период 1999 година, во табела 3 се дадени реалните нето-плати кои се пресметани според формулата:


Истите се прикажани на графиконот 2, при што во приказот се вклучени и аномалиите кои се јавуваат во 2009 година, а за кои претходно говоревме.  Токму затоа, а со цел да добиеме вистинска претстава за дви­же­њето на реалните нето-плати истите одделно ќе ги разгледаме во периодите од 1999-2008 година и од 2009-2012 година.
Од податоците во табела 3 може да се забележи дека од 1999 до 2001 година имаме пад на вкупната реална нето плата, за истата е во постојан пораст се до 2008 година. Притоа, во периодот од 2002-2006 година вкупната реална нето-плата бележи пораст од 19,79%, што значи дека просечната годишна стапка на раст изнесува 3,68% и истата е поголема од вкупниот пораст на реалната нето-плата остварен во периодот 2007-2008 година. Што се однесува до реалните нето-плати во разгледуваните сектори, може да се забележи дека во периодот од 2002-2006 година сите бележат позитивни стапки на раст, што не е случај во периодот од 2007-2008 година, каде секторите Земјоделство, шумарство и рибарство, Рударство и вадење камен, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Дејости со недвижен имот и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и моторцикли имаат намалување на реалната нето-плата, при што најголемо е намалувањето во секторот Дејности со недвижен имот и истото изнесува 8,13%, а значително намалување на реалната нето-плата од 5,92% бележи и секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Понатаму, во периодот од 2002-2006 година секторите Јавната управа и одбрана, задолжително социјално оси­гурување, Рударство и вадење камен, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Образование бележат повисоки стапки на пораст на реалната нето-плата од вкупната и тоа 43%, 34,86%, 32,48% и 20,75%, соодветно, што значи де­ка во овие сектори просечната годишна стапка на пораст на реалната нето-плата из­несува 7,42%, 6,18%, 5,79% и 3,84%, со­од­ветно. Наспроти тоа, во периодот од 2007-2008 година овие просечни годишни стапки на пораст изнесувале 2,59%, -1,50%, -3,01% и 3,74%, т.е. не само што се помали од оние во претходниот период, туку имаме и нама­лување на просечната реална нето-плата во секторите Рударство и вадење камен и Снабдување со електрична енер­гија, гас, пареа и климатизација. Што се однесува до соодносите на реалните нето-плати во разгледуваниот период, тие се исти како и кај номиналните нето плати, па затоа овде само ќе забележиме дека во 2006 година вкупната просечна реална не­то-плата е 11324 денари и таа е за 36,37% по­висока од најниска просечна реална нето-плата која е остварена во секторот Градеж­ниш­тво и таа изнесува 8304 денари, а додека највисоки се платите оставерени во секторите Снаб­ду­вање со електрична енер­гија, гас, пареа и климатизација и Финансиски дејности и дејности на осигурување, кај кои реалните нето-плати се повисоки за 2,28 и 2,68 пати од остварените во секторот Градежништво. Во контекст на преходно изнесеното, овде само уште ќе забележиме дека и во овој период секторот Јавната управа и одбрана, задолжително социјално оси­гурување остварува повисоки плати од секторите Образование и Дејности од здравствена и социјална заштита и тоа за 28,78% и 28,05%, соодветно, а додека реалните нето плати во секторите Образование и Дејности од здравствена и социјална заштита се скоро еднак­ви.


Табела 3. Просечно исплатена, вкупна и по сектори на дејност, реална нето-плата
  по вработен во периодот од 1999-2013 година (базен период 1999 година)

Година
1999
2000
2001
2002
2003
2004
2005
Вкупно
9664
9634
9454
9926
10282
10773
10944
Земјоделство, шумарство и рибарство
8670
8640
8422
8301
8690
8462
8724
Рударство и вадење камен
7901
8702
9941
11300
11512
12072
12787
Преработувачка индустрија
8717
8764
8580
8751
8721
9156
8946
Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
14768
14335
14317
12831
13080
13455
15362
Градежништво
7309
7380
7217
7320
7618
8166
8498
Трговија на големо и трговија на мало,
поправка на моторни возила и моторцикли
11684
11552
9841
9468
10298
10721
11225
Финансиски дејности и дејности на
осигурување
16930
18492
18860
19609
20449
22010
22671
Дејности во врска со недвижен имот
15400
14946
14956
15436
14499
14469
14033
Јавна управа и одбрана, задолжително
социјално осигурување
9971
9552
9390
10214
11228
11905
13372
Образование
9368
8936
8629
9543
10039
10133
10144
Дејности на здравствена и социјална
заштита
9760
9359
9062
9702
10318
10514
10548

Година
2006
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
Вкупно
11324
11534
11736
14668
14868
14515
14088
13843
Земјоделство, шумарство и рибарство
8713
8494
8697
10490
10330
10291
10542
10267
Рударство и вадење камен
13408
12912
13008
14938
15821
15798
14950
15199
Преработувачка индустрија
8901
9216
9196
10097
10615
10566
10312
10301
Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
18967
18283
17845
24927
25503
24465
24142
23847
Градежништво
8304
8355
8652
11493
11295
11130
11037
11351
Трговија на големо и трговија на мало,
поправка на моторни возила и моторцикли
11167
11033
10781
12959
13600
12971
12794
12557
Финансиски дејности и дејности на
осигурување
22264
22476
22348
26566
26382
26812
25206
24526
Дејности во врска со недвижен имот
14277
13812
13116
16657
17430
16972
16849
16561
Јавна управа и одбрана, задолжително
социјално осигурување
13428
13571
14134
17995
17979
17285
16827
16441
Образование
10419
11038
11214
14611
15319
14825
14312
13923
Дејности на здравствена и социјална
заштита
10487
10534
11071
16108
15725
15203
15097
15137
Извор. Сопствени пресметки врз основа на податоците од табелите 1 и 2


Од табелата 3 и графиконот 2 мо­же да се согледаат движењата на реалните не­то-плати во периодот од 2009-2013 го­дина, па затоа во следните разгледувања ќе се задржиме само на порастот на ре­ал­ната просечна нето плата во 2013 година, во однос на 2009 година. Така, во 2013 година вкупната просечна реална нето-плата спо­редена со истата во 2009 година е помала за 5,63%, што е резултат на намалувањето на просечната реална нето плата во секто­рите Земјоделство шумарство и рибар­ство за 2,12%, Снаб­ду­вање со електрична енер­гија, гас, пареа и климатизација за 4,33%, Тр­го­вија на големо и трговија на мало, поправ­ка на моторни возила и моторцикли за 3,10%, Финансиски деј­ности и дејности на осигурување за 7,68%, Јавна управа и од­брана, задолжително социјално осигуру­вање за 8,63%, Образо­вание за 4,70% и Деј­ности од здравствена и социјална заш­ти­та за 6,03%. Меѓутоа, важно е да се напо­мене дека меѓу секто­рите со кои непосред­но менаџира државата во 2013 година во однос на 2012 година кај секторот Деј­ности од здравствена и соци­јална заш­ти­та има­ме зголемување на реалната нето плата за 0,26%, а додека од неразбирливи причини секторот Образование, во кој платите со години наназад се во стагнација, повторно имаме намалување на реалната нето-плата за 2,72%, што е далеку повеќе од намалувањето на вкупната реална нето-плата, кое во 2013 во однос на 2012 година изнесува 1,74%.



НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК
  
Претходните разгледувања даваат реална слика за движењето на номиналните и реалните нето-плати, вкупни и во разгледуваните сектори на дејност во периодите од 1999-2008 година и од 2009-2013 година. Од истите може да се заклучи дека:
-          по периодот од 1999-2001 година и покрај порастот на вкупната и по сектори на дејност номинална нето-плата имаме намалување на реалната нет-плата, како на вкупната, така и по сектори на дејност, освен во секторите Рударство и вадење камен, Финансиски дејности и дејности на осигурување и Дејности во врска со недвижен имот, што во крајна мера е индикатор за негативен тренд на севкупната економија;
-  во периодот од 2002-2006 година имаме значителен пораст не само на номиналните, туку и на реалните нето плати, при што вкупната реална нето-плата се зголемила за 19,79%, а зголему­вањето во сите сектори, освен кај Преработувачката индустрија и Дејностите во врска со недвижен имот, се над 15%, што укажува на петгодишен стабилен пораст на севкупната економија;
-    во периодот од 2007-2008 година и покрај растот на номиналните нето-плати имаме стагна­ција на порастот на вкупната реална нето-плата, при што во пет од вкупно разгледуваните единаесет сектори на дејност реалната нето-плата бележи намалување;
-    не е можно реално да се споредат номиналните и реалните нето-приходи на вработените за 2008 и 2009 го­ди­на, бидејќи со стапувањето на Законот за бруто плата дел од финансиските принадлежности на вработените, исхрана и превоз, се вклучени во нето платата, со што во поглед на теков­ните примања на вработените претставува само сметководствена операција, која меѓу дру­гото не само што ја зголемува нивната пензиска основа, туку обезбеди и до­полнителни средства во државниот буџет и фондовите;
-      во периодот од 2009-2013 година имаме незначител пораст на номиналните нето-плати, што резултира со намалување на реалната нето-плата, како вкупната, така и во поголемиот број сектори, што во крајна мера е индикатор за негативен тренд на севкупната економија;
-          движењата на номиналните и реалните нето плати во разгледуваниот период резултирале со ситуација во која секторот Образование, кој според образовното ниво на вработените е на врвот на сектори­те со кои непосредно менаџира државата и од чиј квалитет зависи вклучу­вањето во друштвото економии базирање на знаење, да има депресирани плати во однос на сек­то­рите Јавна управа и од­брана, задолжително социјално осигуру­вање и Деј­ности од здрав­ствена и социјална заш­ти­та, па оттука е нејасно како во иднина ќе се обезбеди раз­војот на овој сектор во посакуваната насока;
-     според податоците на Државниот завод за статистика во периодот од 1999-2008 година стапката на реалниот пораст на БДП изнесува 37,19% и во овој период имаме пораст на вкупната реална нето-плата од 21,44% и во исто време пораст на реалната нето плата во сите разгледувани сектори на дејност (освен во трговијата и дејностите со недвижен имот), а додека во периодот од 2009-2012 година стапката на реалниот пораст на БДП изнесува 4,41% и во овој период имаме намалување на вкупната реална нето-плата за 5,63%, што во најмала рака е нелогично.


Д-р Самоил Малчески