Sunday, January 26, 2014

Нит ти Кадија, нит јас Валија!

Eдна стара турска приказна вели:

Решил Султанот да ја модернизира Турција и од секој вилает решил по пет млади луѓе да прати во Франција на школување. Еден да биде еким, еден писар, еден учител, еден судник и еден за ајвандоктор.

Ваквата намера на Султанот го загрижиле Валијата од Битолскиот вилает и почнал да мисли што ќе прави кога ќе се вратат овие млади луѓе. 

По пет години, младите луѓе кои биле на школување во Франција се вратиле и со указ од Султанот одат кај Валијата да им даде работа во Битолскиот вилает. 

Го вика Валијата Кадијата и му вика: екимот ќе го ставиш да биде писар, писарот ќе го ставиш ајвандоктор, судникот ќе го ставив да биде еким, учителот ќе го ставиш да биде судник, а ајвандокторот ќе го ставиш учител.

Го гледа Кадијата Валијата и му вика добро честит Валија карамбол направи со луѓево, како може да бидат нешто за што немаат знаења, за што не учеле.

На сето тоа Валијата му вика, абе ќопек еден ќути таму ако секој од овие си дојде на свое место нит ти Кадија, нит јас Валија.