Со оваа одлука извесен Александре Матов, другар на Нинослав Марина, добива 60000 денари месечно и тоа за 15 часа во текот на месецот како консултант за научно-истражувачка работа! Во изминатите 12 месеци човекот бил само еднаш во Охрид! Резултатите од неговите консултативни совети се следните:
1. 0 научни проекти на УИНТ "Свети Апостол Павле" во Охрид
2. 0 научни конференции на УИНТ "Свети Апостол Павле" во Охрид
3. 0 научни списанија на УИНТ "Свети Апостол Павле" во Охрид
Па затоа некој треба да одговори на следните прашања:
1. Зошто и покрај се Министерството и Министерот за образование и наука одобрувале, а мислам дека и сеуште одобруваат средства со кои се плаќа Александре Матов?
2. Зошто некој во Охрид финансира приватна забава на Нинослав Марина и неговите другари?
3. Зошто во нерамноправна положба се ставаат сите останати професори од другите Универзитети?
