Tuesday, December 17, 2013

расфрлање со државни пари под патрон на Министерот за образование и наука



Согласно нормативот на Министерството за образование и наука, еден доктор на науки избран во наставно-научно звање на Државните универзитети во Република Македонија треба да одржи точно 8 часови настава во текот на една недела и за тоа од Министерството добива:
1) за доцент 28000 денари
2) за вонреден професор 32000 денари
3) за редовен професор 36000 денари

Но, зошто Министерството има други правила кога станува збор за Нинослав Марина и Универзитетот во Охрид? 

Во прилог е одлуката со која Нинослав Марина, се расфрла со државни пари т.е. плаќа неразумни суми на пари кои ги добива од Министерството за образование и наука, бидејќи Универзитетот нема доволно студенти, а со тоа и доволно сопствени средства. Со посочената одлука, Нинослав Марина, на своите пријатели кои хонорарно ги ангажира на Универзитетот им плаќа:
1) за доцент 2400 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 19200 денари или за 4 недели во месецот тоа е 76800 денари;
2) за вонреден професор 2700 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 21600 денари или за 4 недели во месецот тоа е 86400 денари;
3) за редовен професор 3000 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 24000 денари или за 4 недели во месецот тоа е 96000 денари!

Тука мора да напоменеме дека Нинослав Марина не ги почитува ни мерките за штедење усвоени на седница на Владата на Република Македонија, имено во вториот дел од одлуката часовите се плаќаат со патни трошоци од и до Универзитетот, што би значело дека пријателите на Нинослав Марина кои се ангажирани на Универзитетот се плаќаат:
1) за доцент 3900 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 31200 денари или за 4 недели во месецот тоа е 124800 денари;
2) за вонреден професор 4200 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 33600 денари или за 4 недели во месецот тоа е 134400 денари
3) за редовен професор 4500 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 36000 денари или за 4 недели во месецот тоа е 144000 денари!

Но, за редовно вработените кои не се пријатели на Нинослав Марина не се исплаќаат патни трошоци т.е. освен основна плата која ја добиваат од МОН, редовно вработените кои не се по негова мерка не добиваат дополнителни средства со што се ставаат во нерамноправна положба! Оттука:

ЗОШТО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ЈА ФИНАНСИРА ОВАА ПРИВАТНА ЖУРКА НА НИНОСЛАВ МАРИНА И НЕГОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ? ЗОШТО СЕ МОЛЧИ И СЕ ПОДДРЖУВА ОВА БЕЗЗАКОНИЕ? ЗОШТО ВО НЕРАМНОПРАВНА ПОЛОЖБА СЕ СТАВААТ ПРОФЕСОРИТЕ ОД СИТЕ ДРУГИ ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ?