Monday, December 23, 2013

насловен доцент на УИСТ е платен колку академик во МАНУ!!!

Еве уште една одлука за неразумното трошење на државни пари од страна на Нинослав Марина. Имено ова е одлука со која насловен доцент на Универзитетот се плаќа колку Академик во МАНУ т.е.
1) насловен доцент: 2400 денари за час или според нормативот на МОН за 8 часа неделно тоа е 19200 денари т.е. за четири недели во месецот тоа е 76800 денари!!!
2) Академик во МАНУ мора да е редовен професор па од МОН добива 36000 денари месечно, плус додаток за академик кој изнесува 45000 денари тоа е 81000 денари!!!

И во оваа одлука како и во претходната повторно не се почитуваат мерките за штедење усвоени на седница на Владата на Република Македонија што може да се види од вториот дел на истата т.е. дека повторно се делат патни трошоци со што сумата станува уште поголема или за насловен доцент: 3900 денари за час или за осум часа неделно тоа е 31200 денари или за четири недели во месецот 124800 денари, а академик во МАНУ зема само 81000 денари!!!

Кој го дозволил ова? Зошто МОН и Министерот за образование и наука ги плаќаат овие скаапи приватни журки на Нинослав Марина и неговите пријатели? Конечно ќе сноси ли некој одговорност за ова неразумно трошење на државни пари? Па нели според измените во Законот за високо образование парите требаше да се инвестираат во развој на науката? Резултатите во тоа поле на Универзизтетот "Свети Апостол Павле" во Охрид под водство на Нинослав Марина се следните:
0 научни проекти,
0 научни конференции,
0 научни списанија кои ги издава Универзитетот
СРАМОТА!!!

Tuesday, December 17, 2013

расфрлање со државни пари под патрон на Министерот за образование и наука



Согласно нормативот на Министерството за образование и наука, еден доктор на науки избран во наставно-научно звање на Државните универзитети во Република Македонија треба да одржи точно 8 часови настава во текот на една недела и за тоа од Министерството добива:
1) за доцент 28000 денари
2) за вонреден професор 32000 денари
3) за редовен професор 36000 денари

Но, зошто Министерството има други правила кога станува збор за Нинослав Марина и Универзитетот во Охрид? 

Во прилог е одлуката со која Нинослав Марина, се расфрла со државни пари т.е. плаќа неразумни суми на пари кои ги добива од Министерството за образование и наука, бидејќи Универзитетот нема доволно студенти, а со тоа и доволно сопствени средства. Со посочената одлука, Нинослав Марина, на своите пријатели кои хонорарно ги ангажира на Универзитетот им плаќа:
1) за доцент 2400 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 19200 денари или за 4 недели во месецот тоа е 76800 денари;
2) за вонреден професор 2700 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 21600 денари или за 4 недели во месецот тоа е 86400 денари;
3) за редовен професор 3000 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 24000 денари или за 4 недели во месецот тоа е 96000 денари!

Тука мора да напоменеме дека Нинослав Марина не ги почитува ни мерките за штедење усвоени на седница на Владата на Република Македонија, имено во вториот дел од одлуката часовите се плаќаат со патни трошоци од и до Универзитетот, што би значело дека пријателите на Нинослав Марина кои се ангажирани на Универзитетот се плаќаат:
1) за доцент 3900 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 31200 денари или за 4 недели во месецот тоа е 124800 денари;
2) за вонреден професор 4200 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 33600 денари или за 4 недели во месецот тоа е 134400 денари
3) за редовен професор 4500 денари по час! Доколку се почитува нормативот од МОН тоа би значело за 8 часа неделно 36000 денари или за 4 недели во месецот тоа е 144000 денари!

Но, за редовно вработените кои не се пријатели на Нинослав Марина не се исплаќаат патни трошоци т.е. освен основна плата која ја добиваат од МОН, редовно вработените кои не се по негова мерка не добиваат дополнителни средства со што се ставаат во нерамноправна положба! Оттука:

ЗОШТО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ЈА ФИНАНСИРА ОВАА ПРИВАТНА ЖУРКА НА НИНОСЛАВ МАРИНА И НЕГОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ? ЗОШТО СЕ МОЛЧИ И СЕ ПОДДРЖУВА ОВА БЕЗЗАКОНИЕ? ЗОШТО ВО НЕРАМНОПРАВНА ПОЛОЖБА СЕ СТАВААТ ПРОФЕСОРИТЕ ОД СИТЕ ДРУГИ ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ?

Friday, December 13, 2013

Како се развина наука според Нинослав Марина!


Со оваа одлука извесен Александре Матов, другар на Нинослав Марина, добива 60000 денари месечно и тоа за 15 часа во текот на месецот како консултант за научно-истражувачка работа! Во изминатите 12 месеци човекот бил само еднаш во Охрид! Резултатите од неговите консултативни совети се следните:
1. 0 научни проекти на УИНТ "Свети Апостол Павле" во Охрид
2. 0 научни конференции на УИНТ "Свети Апостол Павле" во Охрид
3. 0 научни списанија на УИНТ "Свети Апостол Павле" во Охрид
Па затоа некој треба да одговори на следните прашања:
1. Зошто и покрај се Министерството и Министерот за образование и наука одобрувале, а мислам дека и сеуште одобруваат средства со кои се плаќа Александре Матов? 
2. Зошто некој во Охрид финансира приватна забава на Нинослав Марина и неговите другари?
3. Зошто во нерамноправна положба се ставаат сите останати професори од другите Универзитети?

Thursday, December 12, 2013

Каде е бунарот? (Колумна, Нова Македонија, 21 април 2011)

Како да почнам а да не згрешам? Што да напишам после скоро 20 месеци апстиненција од општествен живот? Што да биде првото? Дали за економијата? Дали за образованието? Дали за името наше свето? Или пак ми текна J
После долго размислување решив моето прво јавно обраќање после скоро 20 месеци да го започнам со една интересна приказна која мојот дедо одамна му ја кажал на мојот татко, а тој мене ми ја кажа неодамна!
Еднаш одамна си биле две Кралства кои биле во војна веќе подолг период, но само војувале, де жртви на едната страна, де жртви на другата страна, но никој никако да победи. Силите им биле скоро изедначени. Така еден ден едниот крал решил да најде било каков начин да го победи другиот крал. Ги собрал своите советници и им наредил да одат по кралството да ги прашаат сите мудреци како да го победат другиот крал. Така тргнале советниците низ кралството и барајќи ги мудреците еден по еден налетале на најстариот од нив. Му кажале што мака имаат и тој им дал совет. Така советниците среќни тргнале кон најблиската планина и го нашке врачот за кој им зборувал мудрецот. Му објасниле што е работата и врачот се согласил да им помогне. Сите среќни тргнале кон замокот на Кралот. На Кралот му кажале дека имаат решение за проблемот и го оставиле врачот да му објасни.
Почнал да му објаснува врачот на Кралот дека донел специјален прашок со кој треба да се посипат сите бунари во соседното кралство, освен бунарот од кој пие вода другиот Крал, Кралицата, неговите советници и нивните слуги бидејќи тој бил во замокот и неможело да се стигне до него. Тогаш Кралот реагирал и му кажал на врачот дека несака да ги отруе генералите и војниците од другото кралство и така на нечесен начин да победи. Тогаш врачот му објаснил дека со тој прашок нема да ги отруе војниците и генералите од другото кралство, него со него ти ќе полудат и ќе прават спротивно од она што им го кажува нивниот Крал. Тогаш Кралот се согласил и ги пуштил своите најверни слуги во текот на вечерта да ја завршат задачата. И тоа се случило сите бунари од соседното кралство биле посипани со прашокот освен бунарот во кралскиот дворец.
Другиот ден непосредно пред да почне битката Кралот од другото кралство им наредува на генералите да одат во напад, тие се повлекуваат во одбрана. Им наредува да се позиционираат лево, тие сите одат десно. И така никој не го слушал Кралот, правеле се спротивно, баш онака како што рекол врачот. Во меѓувреме еден од слугите на Кралицата бил жеден и се напил од блискиот бунар, наеднаш и тој почнал да се однесува како и сите останата, да прави се спротивно.
Го забележала Кралицата тоа и му вика на Кралот: Ваше височество нешто не е во ред со водата што ја пијат нашите поданици, види го мојот слуга се напи од овој бунар и почна чудно да се однесува. Тогаш Кралот ја прашува: Добро Кралице што да правиме? Кралицата: Епа нема друго освен и ние да се напиеме од најблискиот бунар за да можеме да се разбериме со нив. И тоа го направиле!

Така да драги мои после 27 години живот во нашава бивша, а сепак сегашна татковина. После нешто повеќе од 11 години општествено-политички активности. После многу поминати километри низ татковината и многу преседени часови по состаноци, кафани, кафичи итн. најпосле ми станаа јасни некои работи. Приказната што мојот татко ми ја раскажа беше доволен повод да седнам и да размислам за некои работи и најпосле КАДЕ Е БУНАРОТ И ЈАС ДА СЕ НАПИЈАМ ОД ВОДАТА!