Saturday, February 22, 2014

Што кажа проф. Тентов за изборот на Марина за редовен професор!!!

Откако изби скандалот со незаконскиот избор на Марина за редовен професор и Ректор на Универзитетот во Охрид, случајно едно попладне се сретнавме со проф. Тентов и разговаравме на темата. Бев видно збунет од одговорите на проф. Тентов кој во своите кажувања се противеше на таквите настани иако беше потпишан на Рефератот. Откако го прашав зошто едно кажувате, а друго потпишувате т.е. зошто сте го потпишале Рефератот, тој ми кажа дека бил дел од комисијата ама не потпишал ништо дека побарале дополнителни документи кои Марина никогаш не ги доставил.
Во тој момент од веб страната на УГД му го покажав Рефератот во кој стоеше тој како прв потпишан, се разбира без потпис туку со акронимот с.р., по што проф. Тентов остана збунет!!!
Неколку дена подоцна проф. Тентов за ВЕСТ ја даде следната изјава, а Рефератот беше сменет од веб страната на Универзитетот т.е. името и презимето на проф. Тентов беше избришано и комисијата остана со два члена, што пак е спротивно на Законот за високо образование кој децидно кажува дека комисијата мора да се состои од 3 члена!!!
Колку и да ќути Минситерот за образование за овој криминал неможе да се скрие!!!