Thursday, January 30, 2014

Зошто студентите на Универзитетот во Охрид не можат да земат дипломи???

Проблемите на Универзитетот за информатички науки и технологии "Св. Апостол Павле" во Охрид никако да престанат!

Дипломираните студенти и после 7-8 месеци од нивното дипломирање никако не можат да си ги земат своите дипломи. Причината не е само тоа што лицето Нинослав Марина е незаконски Ректор и редовен професор, туку и Деканите именувани од негова страна се незаконски што покажува и следниот документ од Државниот просветен инспектора.

Често е да се напомене дека проф. Фулц и проф. Садех после добивањето на овој документ сватија дека лицето Нинослав Марина ги манипулира, поднесоа оставки и одбија да работат спротивно на закон!!!

Оттука, се поставуваат прашањата:
- До кога студентите ќе бидат заложници на приватната журка на Нинослав Марина, поддржана од страна на Минситерот за образование и наука??? 
- Дали вие господо сте свесни дека уништувате кариера на преку 500 студенти или само Ви е битен вашиот личен комодитет и фалбите дека сте "ректор" и министер???
- Има ли крај ова ваше незаконско однесување???
- Дали сте свесни дека еден ден ќе одговарате за ова грубо кршење на законите???

Sunday, January 26, 2014

Нит ти Кадија, нит јас Валија!

Eдна стара турска приказна вели:

Решил Султанот да ја модернизира Турција и од секој вилает решил по пет млади луѓе да прати во Франција на школување. Еден да биде еким, еден писар, еден учител, еден судник и еден за ајвандоктор.

Ваквата намера на Султанот го загрижиле Валијата од Битолскиот вилает и почнал да мисли што ќе прави кога ќе се вратат овие млади луѓе. 

По пет години, младите луѓе кои биле на школување во Франција се вратиле и со указ од Султанот одат кај Валијата да им даде работа во Битолскиот вилает. 

Го вика Валијата Кадијата и му вика: екимот ќе го ставиш да биде писар, писарот ќе го ставиш ајвандоктор, судникот ќе го ставив да биде еким, учителот ќе го ставиш да биде судник, а ајвандокторот ќе го ставиш учител.

Го гледа Кадијата Валијата и му вика добро честит Валија карамбол направи со луѓево, како може да бидат нешто за што немаат знаења, за што не учеле.

На сето тоа Валијата му вика, абе ќопек еден ќути таму ако секој од овие си дојде на свое место нит ти Кадија, нит јас Валија.

Wednesday, January 22, 2014

Во Македонија и со лага се станува ага!!!

Во прилог е записникот на Државниот просветен инспекторат од 30.04.2013 година! И покрај јасното кажување дека лицето Нинослав Марина е незаконски избран за ректор и неговите извори во доцент, вонреден и редовен професор не се законски и притоа се извршени без нострифицирана диплома, тој сеуште е "Ректор" на Универзитетот во Охрид!
Кој го покрива овој криминал?
Зошто Министерот за образование и наука молчи и не си ја обавува работата за која зема плата? 
Зошто во оваа држава постојат институции кога никој не ги почитува? 
Само во оваа наша чудесна држава со лага може да се стане ага!



Monday, January 20, 2014

Скинете го јажето околу нозете!

Некој човек поминувал покрај некој циркус и видел два слона кои биле врзани со едно јаже за едната нога. Застанал и зачудено се запрашал: Како овие толку големи животни може да бидат врзани само со едно мало јаже на предната нога?
Немало синџири, ниту кафези, само јаже кое било очигледно дека може да го скинат во секое време само ако се обидат да побегнат.
Од некоја причина тие никогаш не се обиделе тоа да го направат, а човекот бил зачуден зошто е тоа така.
За момент го забележал нивниот тренер, па тргнал да го праша зошто тие големи животни стојат тука и не се обидуваат да побегнат?
Тренерот му одговорил:
„Знаете, кога слоновите беа млади и многу помали од она што се сега, ние го користевме истото јаже со иста големина за да ги врземе и тие не можеа да го скинат, бидејќи беа навистина мали. Откако пораснаа сè повеќе се навикнуваа на фактот дека не можат да побегнат. Веруваа дека јажето сè уште може да ги задржи и затоа не се обидуваат повеќе да побегнат.“
Човекот останал запрепастен. Овие огромни слонови во секој момент може да се ослободат од јажето, а само поради нивното уверување дека не можат, остануваат заробени.
Колкумина од вас, како и овие слонови, одат низ животот држејќи се до уверувањата дека не можете да направите нешто, само затоа што некогаш кога сте се обиделе не сте успеале?
Неуспехот е дел од учењето. Никогаш не смеете да се откажете од борбата во животот!

Friday, January 3, 2014

Нинослав Марина, ретко доаѓа на работа ама затоа добро се наградува!!!

Нинослав Марина се наградил самоит себе заради дополнителен ангажман, успешност и ефикасност во извршената работа!!! Замислете, човекот не е појавен на своето работно место, а остварил дополнителен ангажман???? бил успешен и ефикасен???? 
Зарем малку му е редовната плата, која и не ја заработува чесно зошто ништо и не работи, со месеци не се појавува на работа! Како не му е срам дополнително да се наградува???? Која злоупотреба на државни пари! СРАМОТА!!!