Tuesday, April 1, 2014

збор, два за реформите во средното образование...

АУТПУТОТ ОД ПОТСИСТЕМОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Вовед

Бројни анализи на UNESCO недвосмислено укажуваат дека според сегашната стапка на нови научни сознанија квантумот на знаења во моментот кога детето се раѓа ќе се зголеми за четири пати до моментот кога тоа ќе заврши факултет, што ни дава за право со голема доза на сигурност да сметаме дека истиот ќе се зголеми за околу три пати до моментот кога детето ќе заврши средно образование. Понатаму, во моментот кога детето ќе наполни 50 години, вкупниот квантум на знаења, споредено со моментот на раѓање, ќе се зголеми за 62 пати, а 97% од знаењата во тој момент ќе бидат откриени после неговото раѓање. Иако, на прв поглед изгледа неверојатно дека човештвото на долг рок може да генерира нови знаења со ваква динамика, сепак дури стапките и да се двојно помали, повеќе од јасно е дека сегашниот концепт на образовниот систем не може да опстане на долг временски рок. Оттука, логично се наметнува прашање: Во која насока треба да се движи образовниот систем во целина, а посебно средното образование, се со цел тоа успешно да одговори на предизвиците кои ги наметнува новото време?  Сеопфатната анализа на потсистемот за средно образование подразбира:
-      проучување на структурата на потсистемот за средно образование и тоа по образовни профили,
-          квалитативна анализа на наставните програми, при што за програмите застапени во средното стручно образование е неопходно да се даде непристрасна оценка за степенот на нивната усогласеност со потребите на пазарот на трудот,
-  анализа на оспособеноста за вклучување на учениците со завршено стручно образование во производните и услужните дејности,  
-  анализа за применливоста на стекнатите знаења од страна на завршените средношколци,
-  анализа за оспособеноста на завршените средношколци за продолжување на образованието во повисоките степени на образование, високи школи и универзитети,
-  анализа за усогласеноста на уписната политика во потсистемот на средното образование со потребите на пазарот на трудот и слично.

Јасно, за ова е потребно многу време, простор и ресурси, па затоа во следните разгледувања ќе се задржиме на усогласеноста на аутпутот од потсистемот за средно образование со потребите на пазарот на трудот. 

      АУТПУТОТ ОД ПОТСИСТЕМОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Целосното согледување на усогласеноста на аутпутот од потсистемот за средно образование со потребите на пазарот на трудот е можно со сеопфатно и континуирано следење на пазарот на трудот, што секако е долг процес, за кој е потребно многу време и значителни кадровски ресурси. Меѓутоа, ако се има предвид дека потребите на пазарот на трудот релативно добро го отсликува бројот на вработените по сектори на дејност во Р. Македонија, а аутпутот од потсистемот за средно образование непосредно може да се согледа од бројот на учениците кои завршиле редовно средно образование, тогаш за да ја согледаме усогласеноста на излезот од потсистемот за средно образование со потребите на пазарот на трудот, доволно е да ги споредиме овие два показатели. Притоа, треба да се има предвид дека ваквата споредба нема да даде најпрецизна слика, бидејќи во одделните сектори и оддели на дејност не се вработени само лица со струка која е носечка за даден сектор, т.е. оддел. Сепак, за некои видови образование споменатите податоци се релевантни, бидејќи лицата со такво образование не може да најдат компетентно вработување надвор од соодветниот сектор, т.е. оддел.
Од податоците дадени во табелите 1 и 2 може да се забележи дека во континуитет постои евидентна неусогласеност меѓу излезот од постсистемот за средно образование и структурата на вработените по сектори и оддели на дејности во Р. Македонија. Навистина, според податоците во табела 1 само во последните шест години во здравствената струка завршиле 15106 ученици, што е 10,04% од вкупниот број ученици кои во разгледуваниот период завршиле средно образование. Очигледно, станува збор за хиперпродукција на кадри кои завршиле здравствена струка, бидејќи според податоците дадени во табела 2, во 2012 година овие 15106 лица претставуваат дури 46,18% од вкупниот број вработени во секторот кои ги опфаќа дејностите од здравствена и социјална заштита. Што ова значи, не треба детално да се говори, но доволно е да споменеме дека во разгледуваниот сектор не повеќе од ¾ од вработените се во дејностите од здравствената заштита, па оттука дури и сите вработени да се од здравствената струка, за само шест години е продуциран кадар кој во иднина ќе задоволи повеќе од 60% од потребите. До сличен заклучок може да се дојде и доколку се разгледаат податоците за учениците кои завршуваат земјоделска, ветеринарна и шумарска струка. Имено, во последниве шест години на овие струки завршиле 5948 ученици, што претставува 48,17% од вкупниот број вработени во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, што значи дека дури и сите вработени во овој сектор да се од наведените струки имаме сериозна хиперпродукција на кадри.

Табела 1. Ученици кои завршиле редовно средно образование во Р. Македонија

2006/07
2007/08
2008/09
2009/10
2010/11
2011/12
Гимназија
9357
9277
9081
9354
9230
9324
Трговска, економска, правна
и угостителско-туристичка
4549
4388
4271
4912
4607
5315
Здравствена
2101
2457
2447
2594
2669
2868
Електротехничка
2142
1943
2052
2039
1922
1951
Машинска
2077
1718
1685
1535
1609
1549
Земјоделска, ветеринарна и шумарска
1092
1026
1077
950
938
865
Текстилна и кожарска
1147
938
794
802
756
635
Сообраќајна и автотехничка
550
561
611
815
841
719
Xемиско-технолошка
632
643
610
664
634
726
Лични услуги
391
414
413
474
522
609
Уметничко образование и физичка култура
358
319
338
400
410
430
Градежна и геодетска
302
305
303
375
268
318
Прехранбена 
406
371
204
171
167
191
Геолошка, рударска и металуршка
171
130
144
144
134
131
Графичка
136
143
134
98
118
107
Дрвопреработувачка
218
67
46
18
17
20
Вкупно
25629
24700
24210
25345
24846
25758
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија

Понатаму, според податоците во табела 1 евидентна е тенденцијата на намалување на бројот на учениците кои завршуваат геолошка, рударска и металуршка струка и тоа од 171 ученик во учебната 2006/07 година бројот на ученици кои ја завршиле оваа струка опаднал на само 131 ученик во учебната 2011/12 година. Последните податоци сами по себе не значат ништо, но ако истите се споредат со податоците дадени во табелите 1 и 3 може да се забележи дека состојбата е загрижувачка. Имено, во секторот рударство и вадење камен и одделите производство на метали и производи на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема во периодот од 2004-2012 година имаме скоро константен број вработени кој од 16015 во 2004 година опаднал на 13624 во 2008 година, за да во следниот период постојано расте и во 2012 година ја достигне бројката од 17059 вработени во разгледуваниот сектор и оддели. Според тоа, при претпоставка само 70% од вработените во разгледуваниот сектор и оддели на дејности да се од наведените струки, со постојната динамика на продуцирање на потребниот кадар се задоволуваат не повеќе од 40% од потребите. Слична е состојбата и со прехранбената струка, каде изминативе шест години, освен последната, имаме тенденција на намалување на бројот на учениците кои ја завршиле оваа насока и тоj број е помал од 200, а додека според податоците од табела 3 бројот на вработените во одделот производство на прехранбени производи и пијалаци постојано се зголемува и тој број од 12820 вработени во 2004 година, достигнал 16895 вработени во 2012 година. Јасно, не сите вработени во овој оддел се со разгледуваното образование, но дури и при претпоставка дека тој процент е само 70%, лесно се доаѓа до заклучокот дека со постојната динамика на продуцирање на потребниот кадар се задоволуваат не повеќе од 65% од потребите.
Од податоците во табела 1 може да се забележи дека бројот на учениците кои завршуваат текстилна и кожарска струка е во постојано опаѓање, па така со овие струки во 2006/07 година се стек­нале 1147 ученици, за да во 2011/12 година тој број опадне на 635. Ваквата тенденција е загрижувачка, бидејќи во Р. Македонија бројот на вработените во одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и предмети од кожа во периодот од 2004-2012 постојано е над 40000 лица, па оттука се оправдани забелешките на кластерот текстилна индустрија кој во континуитет реагира на недостигот на квалификуван кадар, но има забелешка и на квалитетот на кадарот кој се продуцира.
Што се однесува до градежната и геодетската струка, од податоците во табела 1 може да се забележи дека во последниве шест години завршиле вкупно 1871 ученик, што значи просечно по 312 ученици. Од друга страна, од податоците во табела 2 може да се види дека во секторот градежништво бројот на вработените од 30795 лица во 2004 година опаднал на 23340 лица во 2010 година, за да во следните две години истиот има нагорен тренд и во 2012 година во овој сектор се вработени 27575 лица. Претходните податоци укажуваат дека обемот на кадарот кој од потсистемот средно образование се продуцира за потребите на секторот градежништво ни оддалеку не е доволен за задоволување на потре­бите на пазарот на трудот, бидејќи според истите за да се обезбеди проста кадровска репродукција во овој сектор е неопходно бројот на учениците кои завршуваат соодветна струка да биде двојно поголем.

Претходно изнесеното доволно говори за некорелираноста на потребите на пазарот на трудот и аутпутот од потсистемот средно образование, но се чини дека состојбата е најзагрижувачка во одделот производство на мебел каде бројот на вработените од 3092 во 2010 година пораснал на 3507 во 2012 година (Статистички годишник на Р. Македонија 2011 и 2012), а додека во истиот период вкупниот број на ученици кои завршиле дрвопреработувачка насока изнесува 55 (табела 1). 

              ПРОМЕНАТА НА СТРУКТУРАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ПО СЕКТОРИ НА ДЕЈНОСТ, со посебен осврт на секторот образование

Во претходните разгледувања видовме дека постои евидентна неусогласеност меѓу состојбите на пазарот на трудот и аутпутот од потсистемот за средно образование. Можна причина за ваквата неусогласеност е од една страна промената на структурата на вработените по сектори на дејности во Р. Македонија, т.е. зголемување на вработувањата во определени сектори на дејност и од друга страна инертноста на потсистемот за средно образование, што значи дека истиот не ги следи промените на пазарот на трудот. Меѓутоа, од податоците во табела 2 може да се види дека порастот на бројот на вработените од 411723 во 2004 година на 474368 вработени во 2012 година, што претставува зголемување од 15,21%,  најмногу се должи на порастот во:
-    секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и моторцикли и дејности со недвижен имот и тоа од 67893 вработени во 2004 година на 89064 вработени во 2012 година, што претставува зголемување од 31,18%,
-     секторите јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, образование и дејности на здравствена и социјална заштита, каде вкупниот број вработени од 97496 лица во 2004 година се зголемил на 112783 вработени во 2012 година, што претставува зголему­вање од 15,68%, и
-  секторите стручни, научни и технички дејности; административни и помошни услужни дејности и други услужни дејности и тоа од 15311 вработени во 2004 година на 36656 вработени во 2012 година, што претставува зголемување од 139,41%,
  
Табела 2. Вработени по сектори на дејност во Р. Македонија

Сектор на дејност
Година
2004
2005
2006
2007
2008
Земјоделство, шумарство и рибарство
15574
12227
11883
12703
12972
Рударство и вадење на камен
1880
2099
2731
2751
3373
Преработувачка индустрија1)
109572
106179
104970
109164
103902
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
8494
8112
8344
8117
8161
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината
8546
8021
8072
8079
8920
Градежништво
30795
28731
27546
26307
25333
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
66624
71860
72576
76750
75855
Транспорт, складирање, информации и комуникации2)
30084
31234
30724
33239
30683
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
11905
12892
13040
13040
13265
Финансиски дејности и дејности на осигурување
6765
6458
6479
7110
8413
Дејности во врска со недвижен имот
1269
1276
1425
1552
1105
Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности3)
11806
13277
16535
20125
23071
Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување
36244
37206
38526
39053
41377
Образование
30391
30690
31559
32134
33548
Дејности на здравствена и социјална заштита
30861
30373
33235
31809
32788
Уметност, забава и рекреација
7408
7405
7446
7358
7879
Други услужни дејности
3505
2991
2893
4750
4213
Вкупно
411723
411031
417984
434041
434858

Сектор на дејност
Година
2009
2010
2011
2012
Земјоделство, шумарство и рибарство
13848
12176
12394
12348
Рударство и вадење на камен
3420
3697
3989
4382
Преработувачка индустрија1)
101097
98950
98581
98752
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
7749
7716
7711
7833
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината
8437
8392
8555
9024
Градежништво
24574
23340
26106
27575
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
73234
77010
83679
87064
Транспорт, складирање, информации и комуникации2)
30038
33362
38573
40756
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
13668
13988
16267
18359
Финансиски дејности и дејности на осигурување
8229
8404
8513
8843
Дејности во врска со недвижен имот
805
1566
1714
2000
Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности3)
21145
24558
27102
30302
Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување
42328
42474
43258
44006
Образование
34085
35193
36099
36002
Дејности на здравствена и социјална заштита
32058
31200
32505
32775
Уметност, забава и рекреација
7498
7648
7375
7986
Други услужни дејности
4340
5374
6452
6354
Вкупно
426553
435048
458873
474368
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија
1)       Податоците за издавачка дејност, печатење и репродукција на снимени материјали за периодот 2004-2009 година и податоците печатење и репродукција на снимени материјали за периодот 2010-2012 година не се содржани во податоците за секторот Преработувачка индустрија, туку се содржани во податоците за транспорт, складирање, информации и комуникации, што е последица на примената на новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев. 2), која Државниот завод за статистика ја применува од почетокот на 2011 година.
2)       Податоците за секторите транспорт, складирање, информации и комуникации се дадени збирно, бидејќи заради примената на новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев. 2) за периодот од 2004-2009 година не е можно да се одделат податоците за телекомуникации и поштенски активности, кои до 2009 година се прибираа и обработуваа збирно.
3)       За периодот од 2004-2009 година не е можно да се одделат податоците за стручни, научни и технички дејности од податоците за административни и помошни услужни дејности, па затоа истите за целиот временски период се разгледувани збирно.


што значи во периодот од 2004 до 2012 година вкупниот пораст на бројот на вработените е 62645 лица, при што во погоре наведените сектори бројот на вработените вкупно се зголемил од 180700 лица во 2004 година на 238503 вработени во 2012 година, што претставува зголемување 57803 лица, односно зголемување од 32%. Забележуваме дека претходно наведените сектори во вкупниот пораст на бројот на вработените учествуваат со неверојатни 92,27%, при што од податоците во табела 2 може да се види дека во изминатиот период во другите сектори забележителен пораст на бројот на вработените од 10682 лица имаме во секторот транспорт, складирање, информации и комуникации и во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна и тоа за 6534 вработени, а додека во останатите сектори имаме минимален пораст, стагнација или опаѓање на бројот на вработените. Што ова значи не треба посебно да се анализира, но доволно е да споменеме дека ваквите трендови на промена на бројот на вработените по сектори не се во насока на посакуванато реструктуирање на македонската економија во економија базирана на знаење.

Табела 3. Учество на одбрани оддели на дејност во секторот Преработувачка индустрија

Оддел на дејност
Година
2004
2005
2006
2007
2008
Производство на прехранбени производи и пијалаци
12820
13150
11849
11810
13206
Производство на текстил
7849
6291
5314
5292
4535
Производство на облека
31872
34534
35070
38556
35638
Производство на кожа и предмети од кожа
4508
4429
5345
5735
4645
Производство на метали
5581
5745
5972
6281
6228
Производство на фабрикувани метални производи,
освен машини и опрема
8554
7889
8031
8022
7124
Вкупно преработувачка индустрија
109572
106179
104970
109164
103902

Оддел на дејност
Година

2009
2010
2011
2012

Производство на прехранбени производи и пијалаци
11945
13566
16627
16985

Производство на текстил
4362
3714
3158
2712

Производство на облека
35376
34680
32525
33360

Производство на кожа и предмети од кожа
5769
5628
4154
4803

Производство на метали
5550
5755
6537
6217

Производство на фабрикувани метални производи,
освен машини и опрема
7394
6894
6454
6460

Вкупно преработувачка индустрија
101097
98950
98581
98752

Извор. Статистички годишник на Р. Македонија

  
Табела 4. Учество на одбрани сектори на дејност во вкупниот број на вработени

Сектор на дејност
Година
2004
2005
2006
2007
2008
Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување
36244
37206
38526
39053
41377
Учество во проценти на секторот на дејност во вкупно вработените
8,80
9,05
9,21
9,00
9,52
Образование
30391
30690
31559
32134
33548
Учество во проценти на секторот на дејност во вкупно вработените
7,38
7,47
7,55
7,40
7,71
Дејности на здравствена и социјална заштита
30861
30373
33235
31809
32788
Учество во проценти на секторот на дејност во вкупно вработените
7,50
7,39
7,95
7,32
7,54
Вкупно за разгледуваните сектори на дејност 
97496
98269
103320
102996
107713
Учество во % на разгледуваните сектори на дејност во вкупно вработените
23,67
23,91
24,72
23,73
24,77
Вкупно вработени
411723
411031
417984
434041
434858

Сектор на дејност
Година
2009
2010
2011
2012
Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување
42328
42474
43258
44006
Учество во проценти на секторот на дејност во вкупно вработените
9,92
9,77
9,43
9,28
Образование
34085
35193
36099
36002
Учество во проценти на секторот на дејност во вкупно вработените
7,99
8,09
7,87
7,59
Дејности на здравствена и социјална заштита
32058
31200
32505
32775
Учество во проценти на секторот на дејност во вкупно вработените
7,51
7,17
7,08
6,91
Вкупно за разгледуваните сектори на дејност 
108471
108867
111862
112783
Учество во % на разгледуваните сектори на дејност во вкупно вработените
25,43
25,02
24,38
23,78
Вкупно вработени
426553
435048
458873
474368
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија

Во [4] е разгледана структурата на високото образование во Р. Македонија, како предуслов за развој на економија базирана на знаење и е покажано дека аутпутот од високото образование е далеку од посакуваната состојба. Меѓутоа, од претходно изнесеното може да се види дека слична е состојбата и со аутпутот од средното образование, при што постои негова евидентна неусогласеност со потребите на пазарот на трудот. Како што веќе рековме, за детална анализа на потсистемот за средно образование потребно е многу време, простор и ресурси, па затоа во натамошните разгледувања ќе дадеме збирен осврт само на кадровскиот потенцијал на потсистемите основно, средно и високо образование, наспроти бројот на образовните институции, бројот на паралелките и бројот на учениците и студентите.

Табела 5. Структура на вработените во образовниот систем на Р. Македонија

2004
2005
2006
2007
2008
2009
2010
2011
2012
Наставен кадар1)
22356
22842
23955
24263
25306
26581
26737
27590
28045
Друг персонал
8035
7858
7604
7871
8242
7504
8456
8509
7957
Вкупно
30391
30690
31559
32134
33548
34085
35193
36099
36002
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија
1)       Податокот за наставниот кадар е добиен како збир од вработените во одделните потсистеми, при што за високото образование како релевантен е земен податокот со полно работно време, бидејќи на дел од приватните универзитети како наставници и соработници се прикажани и визитинг наставниците и соработниците кои се вработени на државните универзитети

Од податоците во табела 5 може да се забележи дека континуираниот пораст на бројот на вработувањата во образовниот систем на Р. Македонија се должи на вработување на наставен кадар, а доде­ка бројот на вработените административно-технички работници (друг персонал) е речиси константен. Ваквиот тренд е очекуван, ако се има предвид експанзијата на бројот на високообразовните приватни и државни институции. Меѓутоа, од податоците во табела 6 може да се види динамиката на вработувањата во високото образование не ја следи динамиката на отворањето на високообразовни институции. Така, во академската 2006/07 година на 44 високообразовни институции студирале 57011 студенти, а биле вработени вкупно 2413 наставници и соработници, за да во следниот период бројот на високоо­бра­зовните институции постојано расте и во академската 2011/12 тој достигне 102, при што бројот на студентите е 58747, а вкупниот број вработени наставници и соработници е 3120. Што ова значи, особено ако се има предвид дека овие 3120 наставници и соработници реализираат над 450 студиски програми (види [1]), не треба посебно да се говори, но евидентно е дека драстичниот пораст на бројот на врабо­тените во образовниот систем на Р. Македонија не се должи на вработување на административно-технички персонал и експлозијата на бројот на високообразовните институции.

Табела 6. Број на факултети, студенти, наставници и соработници
Година
Факултети
Студенти
Наставници
Соработници
2003/04
35
46637
1354
986
2004/05
33
49364
1405
1109
2005/06
44
48238
1411
1062
2006/07
44
57011
1439
974
2007/08
75
64254
1594
1193
2008/09
94
63437
1723
1411
2009/10
98
57894
1693
1241
2010/11
122
63250
1804
1251
2011/12
102
58747
1837
1283
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија

Имајќи го предвид претходно изнесеното, логично се поставува прашањето: на што се должи драстичниот пораст на бројот на вработените во образовниот систем во Р. Македонија. Од податоците во табела 7 може да се види дека во разгледуваниот период според бројот на училиштата, паралелките, учениците и вработените наставници состојбата во специјалните основни и средни училишта и основните училишта за возрасни е речиси константна, што значи дека констатираните промени не се должат на овој потсистем од образовниот систем. Меѓутоа, од податоците дадени во табела 8 може да се забележи дека во разгледуваниот период бројот на вработените наставници во основното образование се зголемил од 13791 во учебната 2003/04 година на 17233 наставници во учебната 2011/12 година, односно за 3442 наставника. Притоа, бројот на учениците се намалил од 229584 во 2003/04 на 197859 во 2011/12 година, а бројот на паралелките се зголемил од 9974 на 10685, што значи дека просечниот број на ученици во паралелка се намалил од 23 ученици во 2003/04 година на 19 ученици во 2011/12 година.

Табела 7. Специјални основни и средни училишта и основни училишта за возрасни
Година
Училишта
Паралелки
Ученици
Наставници
2003/04
63
242
1909
362
2004/05
65
264
2213
412
2005/06
65
277
2261
429
2006/07
67
278
2512
464
2007/08
64
257
1848
390
2008/09
64
259
1886
410
2009/10
61
267
1824
392
2010/11
60
263
1848
392
2011/12
59
264
1678
394
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија
  
Табела 8. Училишта, паралелки, ученици и наставници во основното образование
Година
Училишта
Паралелки
Ученици
Наставници
2003/04
1012
9974
229584
13791
2004/05
1010
9920
223879
13970
2005/06
1006
10823
236186
14917
2006/07
1000
10775
228207
15106
2007/08
997
10713
220833
15691
2008/09
991
10713
215078
16205
2009/10
990
10622
208980
16403
2010/11
990
10567
201914
16946
2011/12
986
10685
197859
17233
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија

Ваквиот показател во најмала рака треба да ги загрижува образовните власти, бидејќи согласно член 41, став 4 и став 5 од Законот за основно образование бројот на ученици во паралелката треба да е од 24 до 34, при што паралелка може да се формира и со помалку ученици по добиена согласнот од основачот.  На прв поглед може да се заклучи дека споменатата диспропорција е резултат на трансформација на осумгодишното основно образование во деветгодишно, но сепак тоа не е точно. Имено, во овој период нема значителни промени на наставните програми и на неделниот фонд на часови, па затоа зголемувањето на бројот на вработените наставници 24,96% е неоправдан, особено ако се земе предвид дека со приминот на деветгодишно основно образование бројот на паралелките се зголемил за 7,13%, што значи дека приближно за истиот процент треба да се зголеми и бројот вработените наставници во основното образование. Што се однесува до потсистемот средно образование, од податоците во табела 9 може да се види дека во разгледуваниот период бројот на паралелките континуирано се зголемува и тоа зголемување кумулативно изнесува 12,43%, при што кај бројот на учениците имаме неправилен тренд, но истиот кумулативно бележи намалување од 2,88%. Од друга страна бројот на вработени наставници бележи пораст од 28,42% и ваквото зголемување треба да резултира со унапредување на потсистемот за средно образование, бидејќи просечниот број на ученици од 30 во учебната 2003/04 година се намалил на 26 ученици во учебната 2011/12 година, што е во согласност со член 28, став 2 од Законото за средно образование, според кој бројот на учениците во паралелките во јавните училишта не може да биде помал од 25 и поголем од 34 ученици.

Табела 9. Училишта, паралелки, ученици и наставници во средното образование
Година
Училишта
Паралелки
Ученици
Наставници
2003/04
96
3082
93791
5863
2004/05
100
3134
94053
5946
2005/06
101
3184
93908
6136
2006/07
104
3219
93763
6280
2007/08
107
3237
92753
6438
2008/09
110
3295
93164
6832
2009/10
110
3398
94284
7008
2010/11
114
3441
92848
7197
2011/12
113
3465
91167
7298
Извор. Статистички годишник на Р. Македонија

               
                 ЗАКЛУЧОК 

Во претходните разгледувања видовме дека постои евидентна неусогласеност меѓу аутпутот од средното образование и потребите на пазарот на трудот, како и дека имаме несодветна динамика на вработување во одделните потсистеми на образовниот систем во Р. Македонија. Надминувањето на ваквите состојби е можно само со сеопфатна реформа на образовниот систем, при што задолжително треба да се обрне внимание на:
-   квалитативна анализа на наставните програми, при што за програмите застапени во средно­то стручно образование е неопходно да се даде непристрасна оценка за степенот на нивната усогласеност со потребите на пазарот на трудот, како и проекција за нивен развој во функција на градење на економија базирана на знаење,
-   проучување на структурата на потсистемот за средно образование и тоа по образовни профили, што треба да доведе до реструктуирање на потсистемот за средно образование, т.е. на мрежата на средни училишта и нејзино прилагодување на потребите на пазарот на трудот,
-          промена на уписната политика во средното образование и ставање на истата во функција на потребите на општеството,
-          анализа за економската ефикасност на образовниот систем, со посебен осврт на детектираните состојби во потсистемот за основно образование, и
-  преиспитување на мрежата на високообразовни институции и доследно имплементирање на законските и подзаконските акти кои ја регулираат дејноста во високото образование.



Д-р Самоил Малчески