Thursday, October 9, 2014

Лицемерие

Деновиве си седам и си размислува на една тема, размислува за лицемерието!

Пред некое време, поточно на 21.10.2013 година во просториите на Скопскиот саем се одржа предавање по менаџмент етика за избраните владини функционери. На истото помеѓу другото беше кажано и следното:

"Ако директорот работи незаконски, неетички, се расфрла со државните пари и државниот имот, незаконски применува селективност во работењето,  не се однесуваа соодветно кон вработените и кон надворешните лица,или нестручно или несовесно работи и прави грешки,  опоменете го или казнете го без колебање, а во согласност со законите. Ако прекршокот е сериозен и се повторува, без колебање, разрешете го. Истото важи ако отцените дека е неспособен и нестручен и не ја води институцијата добро."

Јас во тоа време работев на Универзитетот "Св. Апостол Павле" во Охрид, како асистент по група предмети од областа на економските науки. Охрабрен од ваквите кажувања јавно проговорив за незаконскиот Ректор и редовен професор Нинослав Марина и неговото несовесно работење, т.е. недржење на часови, недоаѓање на работа, злоупотреба на Универзитетските ресурси за свои цели итн.. (ова е констатирано од ДПИ и службите во МОН неколку пати).

Но што добив јас? Еден месец откако охрабрен од ваквото кажување јавно проговорив, бев на незаконски начин избркан од работа, а лицето Нинослав Марина иако работеше незаконски, неетички, се расфрлаше со државни пари и државен имот и притоа применуваше селективност во работењето остана до ден денешен да биде Ректор, се разбира со голема поддршка на некои структури во МОН и во Владата.

Па има ли поголемо лицемерие од ова? Во очи да го гледаш својот народ, да го охрабруваш да пријави функционери кои се огрешиле, а притоа кога некој ќе постапува ти да бидеш тој кој селективно ќе се однесуваш и притоа тој што пријавил да биде избркан од работа и тоа на незаконски начин.

Но што е тука е, ајде да одиме понатаму. Во последните две-три години на големо се градат споменици низ Скопје и се рехабилитираат Македонски дејци кои биле забранети од претходниот режим. Па оттука, беа рехабилитирани Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе Мајски итн.

Има ли поголемо лицемерие од една страна да ги рехабилитираш овие луѓе, а од друга страна на државниот Универзитет во Охрид да го поддржуваш незаконскиот ректор и редовен професор Нинослав Марина, кој патем е внук на Панта Марина кој е лустриран заради тоа што бил дел од судскиот совет кој го осудил Ченто и околу 130 Македонци, зошто ја сакале Македонија и одбиле да бидат нечии слуги??? Зарем не е срамота вака лицемерно и безкурпулозно да го лажеш својот народ? Па овој човек располага до државни пари и државен имот, не доаѓа на работа, не држи часови, применува селективност во работењето, итн. Па што мислите како им е на сите оние семејства кои посрадале од неделата на Панта Марина? Зошто лицемерно ги лажете?

Дега Нинослав Марина и незаконски Ректор и редовен професор кажува и ДПИ, ама кој ги слуша нив кога лицемерно треба да се лаже народот :)